Пивото е здраво за срцето - колку дневно треба да испиете

Ако сакате секој ден да пиете по една чаша пиво, тогаш вие во животот немате грижи. Барем кога станува збор здравјето на срцето. Според некои истражувања, редовната конзумација на пивотот го намалува ризикот од срцев удар.

Како што тврдат италијанските научници, кои проучиле 150 истражувања на оваа тема, идеална количина за мажите е две мали пива на ден, додека за жените доволно е и едно.

-Алкохолот има моќ да го зголеми нивотот на доброт (HDL) холестерол во телото, но со нив не треба да се претерува. Имено, освен што води кон алкохолизам, во поедини случаеви предизвикува и појава на некои видови рак кај луѓе кои спаѓаат во ризична група и склони се кон тоа - тврдат научниците, но сепак се сложуваат дека умерената количина пиво не само што не штети, туку е и добра за здравјето.

Со тврдењата на италијанските научници не се сложува во целост докторката Ани Бритон, професор по епидемиологија на Универзитетот во Лондон, која вели дека истражувањата на научниците треба да се земат со резерва.

 

 

 

07.12.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа