Пензионерите бесплатно на бања - годинава има само една измена

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија продолжува со реализација на проектот „Бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија“.

Пензионерите кои се заинтересирани до 15 февруари може да поднесат барање за користење на услугите од двата проекта во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Се работи за пензионери кои се корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

Различно годинава е тоа што се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември им изнесува до 17.000 денари. 

Оваа услуга може да се користи еднаш во период од март до ноември, во траење од 7 дена.

 

 

 

17.01.2018 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа