Пенков: Ќе ставиме крај на рестрикциите на вода за пиење во Неготино

Ќе ставиме крај на рестрикциите на вода за пиење во Неготино, рече на денешната прес-конференција Златко Пенков, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Претставувајќи ја неговата изборна програма, се осврна на проектите за кои рече дека се во насока на решавање на најзначајните проблеми и потреби во Неготино. Нагласи дека основен приоритет е водоснабдувањето.

Најави дозавршување на проектите за комплетно решавање и подобрување наводоснабдувањето во Неготино преку реконструкција на воводоводната мрежа на пет улици во градот, доведување на дополнителни 30 литри во секунда вода во системот и изградба на филтер станица.

 

– Во наредниве четири години ќе се овозможи континуирана и непречена работа на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино со максимална поддршка од страна на локалната самоуправа. Ќе направиме набавка на возила и комунална опрема за потребите на „Комуналец“, се со цел да се обезбеди повисоко ниво на комунална услуга спрема граѓаните, нагласи тој.

Вети и модерен градски пазар. – Нудиме обемна програма, но таа е реална. Нудиме работа, нудиме резултати, како и можност заеднички да ја направиме општина Неготино едно од најпосакуваните места на живеење во Македонија, додаде Пенков. 

 

 

 

 

12.10.2017 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа