Пекарски компир во најубава подготовка - нема да одолеете

Печени, пржени, варени или со месо, полнети  или како додаток…вкусот на компирите е секогаш одличен. Овој пат ви нудиме школки од компири кои имаат супер изглед и вкус.

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг компири 
  • 50 гр путер 
  • 100 гр сирење 
  • 2 домати 
  • 100 гр шунка Пекабеско 
  • зачини 

 

ПОДГОТОВКА:

  1. Компирот се лупи, се сече на тенки парчиња со облик на школка, но не до крај за да го полните. 
  2. Шунката се сече заедно со доматите на кругови. 
  3. Во секој ред ставете од шунката и доматите, па изрендајте сирење. 
  4. Ставете ги компирите на тава премачкана со путер и печете 40 степени во рерна загреана на 180 степени. 
  5. СОВЕТ: Декорирајте ја чинијата со сенф, кечап и мајонез. 

    На здравје!

 
 
13.10.2016 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа