Паника во Црна Гора се евакуираат туристите и жителите - беснее голем пожар

Во црногорската приморска општина Тиват утроцо е сепроведена евакуација на дел од населението, поради големиот пожар што избувна ноќеска околу 3 часот. 

Досега со бродови се евакуирани над 100 лица, но околу 20 други одбиваат да ги напуштат нивните домови. 

Во регионот на Подгорица исто така избија неколку пожари, чии број до синоќа достигна 33. 

Црногорските пожарникари успеаја да ги заштитат објектите и покрај силниот ветер. 

Синоќа исто така, изгоре големо складише со површина од околу илјада метри квадратни, каде е направена материјална штета од околу два милиони евра. 

 

 

 

17.07.2017 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа