Паника на бензинска на Стража: Гореше возило

Теренско возило со кумановски регистарски ознаки синоќа се запалило на бензинска пумпа на Стража, по што од вработените било истуркано надвор од бензинската пумпа, по што целосно изгорело.

Во полицискиот билтен е наведено дека синоќа околу 22 часот и 15 минути на бензинска пумпа на месноста „Стража“ дошло до опожарување на теренско возило „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од кумановчанецот В.Б.(32), а сопственост на приватна фирма од Куманово.

 

Пожарот настанал во моментот кога возилото  било полнето со гориво. Пожарот избувнал од долниот дел на моторот, а од страна на вработените возилото било истуркано надвор од бензинската пумпа. Веднаш потоа пожарот го зафатил целото возило.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гостивар, пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

 

 

 

14.09.2017 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа