Паника на аеродромот во Штутгард - двајца мажи планирале напад

Опасност од бомбашка закана беше објавена денеска на аеродром во Штутгарт, пишува „Билд“.

Засегнат е авион на авиокомпанијата Бугарија Ер, кој требало да превезе 180 патници  до бугарскиот град Варна.

Заканата беше прогласена по расправија меѓу двајца патници, при што едниот го обвинил другиот дека планирал напад врз леталото, пишува весникот.

Екипажот сериозно го сфатил обвинувањето и веднаш ги информирал надлежните. Сите планирани летови од и до аеродромот веднаш биле запрени.

Извршена е детална проверка на багажот на авионот, при што се користеле и кучиња, а проверена е и внатрешноста на машината.

Патници од авионот подоцна денес најверојатно ќе бидат превезени до Варна.

Во меѓувреме летовите од и до аеродромот се обновени.

 

 

 

18.06.2017 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа