Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев го призна поразот од подобрата селекција на Шпанија, која синоќа на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје славеше победа со 2:1. 

Пандев рече дека нашата селекција почнала со преголем респект кон противникот, на моменти и исплашено и дека било тешко да се игра против селекција која цело го контролира поседот на топката. 

- Знаеме каква репрезентација е Шпанија, почнавме исплашено, па дури во вториот дел личевме на себе. Сепак игравме колку што тие ни дозволија. Тешко е да се игра против репрезентација која постојано ја има топката. Мислам дека толку е и нашиот лимит. Играме добро цел циклус квалификации и мислам дека заслуживме повеќе бодови, нагласи Пандев.

Македонската селекција во моментов е петто пласирана со само три бодови освоени на гостувањето кај Лихтенштајн со победата од 3:0. 

 

 

 

12.06.2017 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа