Падна на допинг тест, па даде најоригинално објаснување: Кокаинот случајно ми се помешал со лековите

Британскиот тенисер Ден Еванс е суспендиран на една година откако на допинг тест беше позитивен на кокаин. Но вели дека тој случајно му се помешал со лековите, затоа што биле во ист џеб.

Допингот во спортот навистина не е некоја новост. Ниту оригинална вест, ниту нешто претерано интересна. Но објаснувањата на сите се пооригинални и поинтересни. Една е крива мајката, затоа што не прочитала што пишувало на пакетчето, па наместо Андол земала Станозолол. Друг лекар промашил инјекција, па наместо антибиотик дал антиумор, па 90 минути ги одработил во спринг…

 

Дениел Еванс отишол чекор понатаму и во својата верзија на објаснувањето ја обвинил неговата торбица. Поточно, нејзиниот џеб.

-Во истиот џеб ги држев кокаинот и лековите кои ги користам. Сигурно се споиле, помешале, па кога ја испив таблетата, веројатно на неа имало кокаин, мртов сериозен, не помрднувајќи ја главата, објаснил Еванс.

Да го ставиле на детектор за лаги, од уредот веројатно прво би излегле искри, па потоа би експлодирал и се би било задимено, а потоа би снемало струја во цел Лондон. Но Еванс не би се предал сигурно.

Главно, Светскиот тениски сојуз објасни дека кокаинот е тргнат од листата забрането супстанци затоа што не допринесува на подобрување на перформансите на играчот, а бидејќи Еванс не ја конзумирал на турнир, изречена му е казна од 12 месеци, наместо 4 години. ИТФ како олеснителна околност го зема и фактот дека е пронајдена мала количина на кокаин, како и фактот дека Еванс ја признал грешката. Тој последниот дел сигурно ви е познат, тој не е оригинален. Секако, погодувате, се кае за се што направил и немало повеќе.

 

 

 

 

 

05.10.2017 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа