Падна договор: ДУИ се откажува од Скопје и Арачиново - СДСМ без кандидат во Чаир

СДСМ вечерва ја затвора листата зо кадидати за градоначалници за изборите на 15 октомври. Како што дознава Press24 паднал договор со ДУИ, СДСМ да не предложи свој кадидат во Чаир а ДУИ да оди без кандидати во Скопје и Арачиново. Според нашиот извор во ДУИ решиле да се откажат од Арачиново бидејќи анкетите им покажале дека кандидатката на СДСМ, инаку сопруга на претсдсателот на општинската организација на партијата котирала многу добро.

Во такви услови, доколку ДУИ го испочотува договорот во Арачиново битката ќе ја бијат СДСМ и БЕСА. Нема информации што ќе се случува со СДСМ и ДУИ во Тетово, Гостивар и Кичево.

Медиумите под контрола на власта пишуваат дека се уште неизвесно е во Центар каде социјалдемократите се уште немаат пресечено дали ќе одат со свој кандидат или ќе го поддржат Жерновски. Покрај него во игра се Богдановиќ, Лукареска и Емилијан Станковиќ. Заев ечерва најави дека Жерновски ќе ја повлече својата кандидатура.

 

 

 

12.09.2017 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа