Овие скопски населби од рано наутро утре без вода

 

Корисниците од населбите Гази Баба, Чаир, Кале, Топаанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, Железарница и високата зона Автокоманда утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е  промена на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 милиметри на улицата „Цветан Димов“ бр. 155.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршувањето на инервенцијата од стана на екипите на ЈП „Водовод и канализација “ Скопје. 

 

 

 

17.04.2018 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа