Овие 6 работи никако не правете ги ако сакате лаптопот долго да ви работи

Лаптопите се чувствителни уреди, кои при мало невнимание можат да се оштетат дури и во целост да се уништат. За да не ви се случи тоа, ве советуваме обавезно да ги почитувате овие 6 совети кои ќе ги прочитате во продлжение.

1.Не дозволувајте домашните животни да се доближат до него -  Знаеме дека мачките ви се преслатки кога ќе се качат на вашиот лаптоп и ќе почнат да ви „помагаат“ во работењето, но не охрабрувајте ги во тоа! Конкретно, мачките ги привлекува топлината на уредот, но резултатот ќе биде „клопче“ од влакна во уредот, кое меѓу другото може да предизвика прегрејување на апаратот. Исто така, ви предлагаме да не јадете пред компјутерот. Ако и најмало парче храна влезе под тастатурата, очекувајте и „посета“ од малите куќни „лакомци“ како мравки или бубачки.

2.Имате стар компјутер? Престанете да го тресете! Причината за ова предупредување, пред сè, е хард дискот. Освен ако не сте сопственик на уред со вграден СД-диск, мора да се придржувате на правилото да работите на него исклучиво поставен на маса или на биро. Чувствителните делови, како хард дискот, непожелно реагираат на секое ненадејно движење или удар, па за очекување е и ненадејно да ви откаже љубов. За подолготраен живот на вашиот лаптоп, престанете со влечкањето на уредот насекаде со вас. Оставете го на бирото на раат.

3. Не затворајте го лаптопот како хауба од стара „лада“! Екранот на вашиот лаптоп не е неуништлив. Кога го затворате, правете го тоа така што ќе го држите на средината од рамката, а не на аглите. Кога сме веќе тука, кога го земате лаптопот, не фаќајте го на горниот десен или лев раб од екранот. Тие делови се екстра чувствителни на притисок, што значи дека може да завршите со оштетен дисплеј. 

4.Не држетете го лаптопот во скутот - Работите на вашиот лаптоп држејќи го во скутот? Престанете со таа лоша навика и набавете си специјална подлога. Причината за ова е вентилацискиот систем на апаратот, кој во зависност од начинот на кој седите, многу лесно можете да го затворите со прекривката или со дел од вашата облека. Резултатот од тоа ќе биде прегреан уред и потенцијално оштетување на почувствителните компоненти.

5.Чувајте го лаптопот подалеку од магнети - Општо правило за сите преносливи компјутери кои сами по себе се чувствителни на магнети е да се чуваат подалеку од силни магнети. Силните магнетски полиња пред сè влијаат врз хард дисковите, но и врз екраните. Ако сакате да го продолжите „животниот век“ на вашиот лаптоп, постојано имајте го на ум ова основно правило за употреба.

6.Не чистете го екранот со вода - Имате прашина на екранот? Користете крпа од микрофибер или специјални средства за чистење екрани. Заборавете на прскање со вода – и особено немојте да го притискате екранот од лаптопот. Се работи за многу чувствителен и кршлив дел од хардверот кој ќе ви биде благодарен ако внимателно се однесувате кон него. 

 

 

 

05.10.2017 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа