Овчар ранет со пиштол во гостиварско

Овчар од село Неготино гостиварско бил ранет во рака со сопствениот пиштол од 37- годишен жител на село Чегране, тетовско.

Од МВР соопштија дека СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.С поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој на 11 ноември 2017 година околу 15 часот на место викано „Гропа“,  покрај локалниот пат село Неготино– село Стенче, каде 33-годишниот Е.Е. напасувал овци, со пиштол испукал куршум во воздух, за да не го нападнат кучињата, и после вербална расправија со Е.Е. пријавениот му го ставил пиштолот на раката на Е.Е. и испукал куршум со што го ранил, по што го напуштил  местото на настанот.

 

 

 

14.11.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа