Ова го нема ни на филм- љубовница дошла вооружена на свадба и го киднпирала младоженецот

Несекојдневна сцена се одгирала во вторникот на една свадба во Индија, кога поранешната девојка влетала со пиштол меѓу сватовите и го киднапирала младоженецот, пред да го каже судбоносното „Да“.

Таа во придружба на двајца вооружени мажи дошла на прославата и му вперила пиштол на главата на младоженецот, додека нејзините соучесници ги држеле на нишан останатите.

-„Овој маж мене ме сака. Тоа ѓто се жени со друга е издавање на љубовта. Нема да го дозволам тоа.“- врескала поранешната девојка додека го влечела младоженецот во автомобил.

Соучесниците и помогнале да го внесе младоженецот во автомобилот и заминале во непознат правец. Потрагата за несреќниот маж сѐ уште трае.

Како што пишуваат медиумите, младоженецот Ашок Јадав жената што го киднапирала ја запознал пред неколку месеци на работа и најверојатно имале љубовна афера. Се шпекулира дека дури и се венчале во тајност, но дека Ашок поради притисок на семејствто ја напуштил и се ветил на друга.

 

 

 

19.05.2017 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа