Ова е момчето во кое беа испукани 3 куршуми спроти такси стојалиште

Во пукање во центарот на Нови Сад, кое се случило синоќа, спроти такси стојалиште, сериозно е повреден 22-годишниот Синиша Г., наречен Сингер.

На него се испукани три куршуми, а поради повреда на левата страна од градниот кош, потколеницата и подлактицата, со Брза Помош во свесна состојба бил префрлен во Клинички центар.

Бидејќи повредите се опасни по живот момчето ќе биде задржано во одделението за интензивна нега.

Иако уште нема информации поради што дошло до инцидентот, неофицијалните информации се дека пред пукањето претходела кавга и тепачка меѓу група млади луѓе, по која едно момче извадило пиштол и пукало во Синиша.

 

 

 

18.06.2017 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа