Ова е лицето кое вчера се удави во Охрид

Безживотно машко тело, синоќа околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“.

Телото се наоѓало на дното на езерото на околу  четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина  метри од езерскиот брег.

По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител  и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е  Димитри А. (61 ) од Охрид.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По  наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

 

 

 

19.06.2017 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа