Ова е детенцето кое го доби медалот од Мурињо во Скопје

Жозе Мурињо, лидерот на Манчестер Јунајтед реши да го подари медалот по Суперкупот на УЕФА во Скопје, а фотографија од детенцето кое му се радуваше на среброто на Португалецот се појави во јавноста.

Се работи за малиот Деџи, кој доаѓа од Нигерија. Црномурестото момче имаше среќа да го добие одличјето на Мурињо, за кое Португалецот изјави дека не му е потребно, затоа што нему не му значи многу, а на детенцето му значи како да е светот.

 

Деџи живее навистина среќна недела, затоа што неговиот татко на социјалните мрежи информира дека пред да пристигнат во Скопје на малиот кој тренира фудбал му одобриле да игра во иднина за Саутемптон, а медалот бил само јаготка на шлагот.

Потегот на Мурињо го поздрави и екипата на Манчестер Јунајтед.

Извор: Скопје 24

 

 

 

10.08.2017 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа