Отворен конкурс за зелени бизнис идеи

Здружението  за  социјални  иновации „АРНО“ распишува конкурс за  зелени бизнис идеи  кои  промовираат  традиционална  изработка  на производи кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар со најразлични зелени бизнис идеи, а победниците добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји. Сите детали за конкурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk.

Според координатор на проектот Ирина Јаневска, важно е идејата  да  има  општествено  корисна  компонента и  бизнис  логика, а идеите  се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата,  односно не и штетат.

Националните победници годинава ќе добијат и менторска поддршка од Асоцијацијата за менаџмент консалтинг МКА 2000 во вид на ваучери за користење сертифицирани консултантски услуги.

 

 

 

19.05.2017 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа