Отсутниот обвинет во Монструм се води како осуденик во бегство

Фејзи Азири кој е обвинет во случајот „Монструм“ и поради кој се одложи денешното рочиште за случајот „Монструм“ во затворот во Штип се води како осуденик во бегство, јавува денеска МКД.МК.

- „Фејзи Азири имаше прекин на казната од 30 јануари до 28 февруари годината кој му беше доделен од министерот за правда. По истекот на прекинот тој не се врати назад во затворот, ниту го оправда своето отсуство со било каков писмен документ. Ние го известивме судот и Управата за извршување на санкции и по закон треба да се распише потерница. Ние овде го водиме како лице во бегство“, изјави директорот на затворот во Штип, Тодоров. 

 

 

 

17.04.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа