Откриена супер земја: Планета подобра од нашата а можеби и населена (видео)

Планетата е поголема од Земјата и оддалечена е од нас 111 светлосни години. Се наоѓа во соѕвездието Лав.

Таа кружи околу ѕвезда која е “црвено џуџе” и тоа во Златкосината зона, која е совршена за настанување на живот.

Дополнително треба да се утврди дали е планетата гасовита или карпеста. Постои голема веројатност дека на неа има вода, и дека е доволно топла за живот.

Сигурно е дека планетата има атмосфера, а бидејќи кружи околу ѕвезда, значи дека има услови за вода. Ова води до заклучок дека на неа е можен живот.

Обидувајќи се да ја измерат масата и некои други карактеристики на планетата, астрономите забележале уште една планета околу истата ѕвезда и ја нарекле K2-18C.

“Тоа што успеавме да ја измериме масата и густината на K2-18B беше одлично, но кога притоа откривме уште една планета, тоа беше вистинска среќа и чудо” , рекол шефот на проектот, Рајан Клотје.

Единствена разлика во односот на Земјата, кога станува збор за планетата K2-18B и тоа што се знае за неа, е дека е нешто поголема од Земјата. Постои можност да станува збор за водена планета, што значи дека е целосно или во главно покриена со вода, но со леден покривач на површината.

 

 

 

07.12.2017 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа