Освен пари кумановчани ја најдоа среќата во Авганистан - склучени мешани бракови

Кумановчани кои низ годините се на печалба во Авганистан, таму освен пари и работа нашле и сопруги о сопрузи.

Како што пишува Фактор, кумановчани се во брак со жени од БиХ, САД, Филипини, Албанија...

- „Со сопругот се запознавме во Хјустон, Тексас во 2004 година, кога тргнавме на работа во Авганистан. Во тоа време се одеше преку Узбекистан, а поради тоа што таму не беше безбедно се задржавме повеќе од еден месец во САД. На почеток мислевме дека станува збор за минлива врска, но откако дознавме дека одиме во иста воена база, љубовта се зацврсти и по две години решивме да живееме заедно. Познавам и други двојки кои решиле да живеат заедно и кои се од мешан карактер, по верска, национална и друга основа и тие како нас сè уште се заедно, вели кумановчанка за Фактор.

Таа објаснува дека иако многумина мислат дека ако се во брак со Американец би си заминале од земјава и би се „спасиле“ сепак на крајот или остануваат овде или се враќаат. Вели дека ние како народ сме интересни за другите нации, а на овие простори доколку е безбедно тогаш е едноставно да се живее убаво.

- „Таму има луѓе од Америка, Кенија, Индија, Грузија, Узбекистан, Косово, Босна, Македонија. Нема вера и нема националност, сите се дружат, сите се блиски и тоа е чудо. Јас имам многу блиска жена од Босна која ми беше како мајка, и 10 години по печалбата се слушаме, и еден ден ќе се видиме. Секој ден далеку од дома,  без семејството, рамо за плачење и утеха во тешки денови. Секој празник, роденден, добри или лоши денови, преку интернет ние пак сме заедно“- вели кумановчанка.

 

 

 

13.03.2018 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа