Општина Петровец стана тријазична

Општина Петровец на бошњачката заедница ѝ оозможи со општинските власти а комуницира на својот мајчин јазик, а ваквата одлука беше донесена пред неколку дена од страна на советниците во општина Петровец.

Неколку политичари од оштина Петровец ваквата одлука ја оценуваат како историска.

Заменик градоначалникот на општина Петровец, Елми Керими изрази надеж дека нивниот прмер ќе го следат сите општини на територијата на Република Македонија.

Во наредната седница се очекува и официјално да се спроведе одлуката за статусот на бошњачкиот јазик во општина Петровец.

Во Македонија засега само 4 општини се тријазични: Гостивар, Врапчиште, Крушево и Чучер Сандево.

 

 

 

 

19.03.2018 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа