Огромен темен облак над Јадранот - силниот ветер носел се пред себе (ФОТО/ВИДЕО)

Огромниот облак, што се  разви над северниот дел на Италија, денеска пристигна до Истра, а во Пула силниот ветар корнеше стебла, објави сајтот Истрамет.

Ровињ е прекриен со темни облаци, а ветрот е се посилен.

Облаци ги прекрија и Пореч, Стари Червар, Новиград..., пренесе Индекс.хр.

Како што јавива Истрамет, времето најопасно ќе биде на подрачјето на Трстанскиот Залив и северозападот од Истра.

Во Пула, пак, силниот ветар корне дрвја.

Истра неодамна ја покоси бурно невреме, по многу топлиот бран што во Италија беше наречен „Луцифер“. Ветрот тогаш уриваше стебла и носеше покриви.

Истрамет објави и фотографии снимени по дождот во Истра, а кои прикажуваат дека дождот е полн со африкански песок.

 
 
 

 

 

10.08.2017 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа