Одите на летување - овие совети ќе ви помогнат да се заштитите од крадци

Сѐ повеќе се зголемуваат вестите за ограбени туристи на плажа. Жртва на грабеж може да биде било кој во секоја земја.

Метод на работа кој крадците најчесто го користат се прскање со спреј со чија помош жртвите кои се ограбуваат во текот на ноќта ќе „паднат“ во уште подлабок сон. Спрејот го прскаат низ отворени прозори или тераси, а на мета и најлесно достапни се апартманите на сутерен, приземје или први спрат доколку е лесно пристапно.

Наш совет е, во текот на ноќта да ги затворите, по можност и заклучите вратите од терасите и прозорите и да ги спуштите ролетните.

Знаеме дека во текот на летото тоа малкумина го практикуваат, но доколку ви е топло вклучете ја климата.

Доколку ви се случи за време на летувањето да бидете ограбени ве соетуваме тоа најпрво да го кажете на сопственикот на просторот во кој сте сместени, како и на претставникот од туристичката агенција преку која сте дошле на летување. Тие ќе ви помогнат инцидентот да го пријавите во полиција.

 

 

 

16.07.2017 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа