Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела малопродажните цени на нафтените деривати и се намалија и тоа за просек од 0,39 проценти.

Малопродажната цена на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намали за половина денар. Од друга страна, Еуродизел се точи по иста цена како и пред две недели.

Така, литар Еуросупер БС-95 се продава по цена од 58,50 денари, додека Еуросупер БС-98 се продава по цена од 60,50 денари по литар гориво. Цената на литар Еуродизел остана 50,50 денари.

Бензиската станица „Макоил“ на својата фејсбук страница порачува граѓаните да не полнат гориво до вторник, бидејќи следи драстично поевтинување на горивата.

„Почитувани корисници на бензинските станици на „Макоил“, од компанијата „Макоил“ ги информираат граѓаните дека од вторник ќе следува драстично намалување на цените на горивата.

Едноставно, воздржете се од точење гориво викендов, затоа што од вторник „Макоил“ ќе ги намали цените на горивата за 5 до 5,5 денари по литар.„ пишува на фејсбук страната.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега