Од денеска ново поскапување на цигарите - скокнаа Вест и Родео

Цигарите од брендот Вест Компакт од денеска во продавниците се продаваат за 5 денари поскапо за една кутија.
Од денеска, за 5 денари се поскапи и сите варијации на брендот Родео.
Продавачите во супермаркетите велат дека добиле најава дека во текот на утрешниот ден се очекува уште еден бран поскапувања на останатите брендови.
На 1 јули ќе се покачи и акцизата за цигарите за 4 денари по една кутија. Нема информации, дали производителите ќе ја зголемат повторно цената или пак повисоката акциза ќе се компензира со ова поскапување.

 

 

 

15.06.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа