Облаци и дожд во земјава- еве каде наврна најмногу

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во северната половина од земјва. На места ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне облачноста ќе се намалува и врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 21  до 30 степени. УВ=6

 

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 1 Лазарополе, 2  Ѓуриште,  3 Дебар, 5 Виница, 7 Кр. Паланка, 8 Берово, 11 Скопје-Петровец, 19 Скопје-З.Рид, 22 Куманово.

Од утре следува период на стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.

 

 

 

13.08.2017 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа