Објавени составите за мечот Реал Сосиедад-Вардар

Вардар за половина час го игра натпреварот број четири од групната фаза во Лигата на Европа, македонскиот шампион гостува на Аноета, против тимот на Реал Сосиедад, состав кој минатото коло победи во Скопје со 0:6.

Објавени се и составите со кои домаќините одат по нова победа, а Вардар ќе се обиде да стигне до првиот бод или бодови.

 

Реал Сосиедад: Рули; Еспиноза, Навас, Мартинез, Де Ла Бела; Зурутуза, Зубелдиа Елорза, Каналес; Хуанми, Вилијан Хозе, Ојарзабал.

Вардар: Гачевски; Хамабарџумјан, Новак, Грнчаров, Глишиќ; Марковиќ, Фелипе, Николов; Џигаури, Итало, Берсегјан.

На клушата за резерви за домаќинот се голманот Тоњо, Елустонко, Иљараменди, Јанузај, Јон, Прието, Ухија. Додека за нашиот великан Вардар на клупата е голманот Алексовски, Блажевски, Демири, Глигоров, Исени, Муслиу, Велковски.

 

 

 

 

02.11.2017 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа