Објавен предлог-буџетот за идната година

Објавен е предлог-буџетот за идната 2018. година, кој главно ќе се финансира од задолжување. 

Максимално предвидениот износ на задолжување, според предлог буџетот ќе изнесува над 854 милиони евра од кои 566,5 милиони од надворшените пазари а близу 300 милиони преку домашни аукции на долгорочни хартии од вредност, а  догодина кон странство треба да се врати долг од 169 милиони евра од кои само 95 милиони во јануари.

За капитални расходи ќе се потрошат 400 милиони евра,  ставката за привремени вработувања се зголемува за речиси два пати, додека ставката стоки и услуги се намалува за 3,3 милиони евра, а за плати и надоместоци има зголемување од 7,9 милиони евра. Расходите се планирани на 3 милијарди евра и се наменети за плати во јавен сектор, пензии, социјални надоместоци, субвенции, поддршка на претпријатија. Фондот за ПИОМ останува најголемиот расход во Буџетот. Половина милијарда евра или 35 милиони повеќе, се наменети за редовна исплата на пензиите, како и за нивен раст.

Во предлог-буџетот е вклучено и зголемување на акцизата на нафтата од околу 26 милиони евра.

Одвоени се средства за делницата Демир Капија - Смоквица, за железничката пруга од Коридоридорите 8 и 10, како и за доизградба на пругата Битола - Кременица.

Повеќе пари догодина ќе добие на Агенцијата за разузнавање, Министерството за финансии но и Владата која на располагање ќе има 38 милиони евра или 9 милиони повеќе од 2017, а од друга страна за 437 вработени во парламентот ќе има 415.000 евра помалку пари во однос на 2017, а помал ќе биде буџетот и за Кабинетот на претседателот Иванов.

 

 

 

12.11.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа