Нутриционистите предупредуваат: Брокулите никако да не се варат

Брокулите можат да се подготват на многу начини, а варењето е еден од нив. Но, нутриционистите велат дека на тој начин се уништуваат сите вредни нутриенти кои ги поседува зеленчукот, како и Б и Ц витамините. Според нив, при варењето на брокулите се разложуваат и глукозинолатите, за кои се смета дека се добри во борбата против канцерогените клетки.

Нивна препорака е брокулите да се подготвуваат на пареа – доволно е една помала чинија да ставите над тенџере со зовриена вода и да ја поклопите неколку минути.

Брокулите можат да се подготват и во микробранова печка бидејќи на тој начин ќе ги зачуваат сите лековити својства – ставете ги брокулите во чинија, додајте една лажица вода и поклопете ги со друга чинија.

Според нутриционистите, подготвувањето на брокулите на пареа е најдобриот начин да се зачуваат нивните нутриенти.

 

 

 

12.09.2017 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа