Ново супер изненадување за корисниците на VIP

Во годината на прославување на десет годишниот јубилеј од постењето на брендот, Вип со задоволство најавува уште една атрактивна промоција овојпат во рамките на Вип Комбо пакетите со нова поволност и можност корисниците да изберат согласно нивните потреби за комуникација и за забава.

 

Со новата понуда, корисниците можат да направат комбинација од мобилни и фиксни услуги во еден Вип Комбо пакет и да добијат: телевизија со најмногу HD канали, супер брз интернет, фиксна и мобилна телефонија и да добијат единствена можност да го гледаат Ејч-би о (HBO) пакетот бесплатно, цела година.

HBO пакетот ги вклучува ТВ каналите HBO, HBO2 и HBO3, каде корисниците можат да ги гледаат најпопуларните светски ТВ серии и филмови додека Вип Комбо корисниците на кабелска технологија, покрај SD квалитет ќе можат да ги следат HBO каналите и во HD квалитет.

Понудата е достапна за сите нови и постојни корисници кои во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за било која Вип Комбо тарифа. По истекот на првите 12 месеци, за HBO пакетот ќе важи актуелната претплата од 249 денари месечно.

Дополнително сите корисници кои ќе склучат договор за Вип Комбо преку кабелска технологија добиваат бесплатна интерактивна телевизија со која нема да пропуштат ниту момент од омилената серија или филм, а можат и да ја паузираат програмата, да гледаат емитувана програма од почеток, да снимаат ТВ програма во живо како и да гледаат ТВ програма до 50 ТВ канали, 7 дена наназад и родителска заштита.

Сите нови активации на Вип Комбо добиваат интерактивна телевизија бесплатно. Постоечките корисници на Вип Комбо може да ја активираат интерактивната телевизија доколку на локацијата постои техничка можност, со еднократен надомест.

Со најновата промоција, Вип уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.

 

 

 

 

 

18.10.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа