Ново иизненадување за сите корисници на Vip

Вип со задоволство најавува збогатување на својата понуда со два нови телевизиски канали во Vip TV програмската листа. Од денеска, сите нови и постоечки корисници на Vip TV ќе можат да уживаат во филмскиот канал AXN и музичкиот STOP TV.

Сега, со воведувањето на филмскиот канал AXN, љубителите на филмските содржини ќе имаат можност да ги гледаат своите омилени филмови и серии со македонски превод, меѓу кои популарните акциони и крими серии Скорпија и Профилирање како и новата сезона од Тинејџер Врколак. Филмскиот канал AXN корисниците можат да го најдат на позиција 36 додека музичкиот канал Stop TV на позиција 104.

Со Vip TV пакетите, корисниците имаат можност да приклучат повеќе ТВ приемници во својот дом, со што секој член од семејството може да ужива во својата омилена програма.

Повеќе информации за телевизиските канали на Вип можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на  077 1234.  

 

 

 

26.09.2017 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа