Нови детали за убиството на Јелена по вчерашното судење - убиецот оставил траги

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, лицето кое ја убило Јелена Марјановиќ оставило отисок од патикиили чевли, во близина на каналот каде што ја оставило мртвата Јелена. Овој податок е назначен во извештајот на полицијата кој е доставен до обвинителството. Специфичен траг на чевли, меѓутоа до ден денес, не довел до пронаоѓање на сопственикот.

Истражувачите се сомневаат дека злосторникот можеби ги уништил чевлите кои биле крвави и валкани.

Посебна енигма која треба да се реши е тоа што на телото на Јелена е пронајден непознат ДНК. Утврдено е дека е машки, но не припаѓа на ниту еден член од семејството Марјановиќ. Сопственикот на овој биолошки траг не е идентификуван до ден денес.

 

 

 

17.10.2017 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа