Нова седница на Владата - ќе се решава за именувањата на заменик-министри

Денеска ќе се одржи нова Владина седница, а на дневен ред на истата се разгледувањето на предлозите за заменици министри и именувања и разрешувања на владини  функционери.

Инаку, по состаноците вчера, ДУИ одлучи да ги предложи Агим Нухиу како заменик на Оливер Спасовски во МВР, потоа Беким Максути како заменик на Радмила Шекеринска во одбрана. За заменик-министер за образование ДУИ го предлага Висар Ганиу, а Ширете Елези е предложена за заменичка во ресорот финансии.

Алијансата на Албанците пак, вчера Арта Точи ја предложи за заменик министер за надворешни работи, Мехмет Ремзи за заменик министер на транспорт и врски и Елми Азири за заменик министер за труд и социјална политика.

Откако Владата ќе ги прифати овие предлози, следува верификација на мандатите во Собранието.

 

 

 

 

13.06.2017 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа