Нова цена на горивата во Македонија

Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на еуродизелот остана иста, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 се зголемуи за половина денар. Ова беше одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, донесена пред две недели.

Со оваа корекција на нафтените деривати, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство се намали за 0,50 денари за литар, а мазутот М-1 НС се намали за 0,204 ден/кг и тој  се купува по цена од 23,993 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја донесе новата одлука. напладне останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин бензин или цената ќе биде иста.

 

 

 

04.09.2017 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа