Нов напад во Русија- тројца мртви

 

Вооружен напаѓач отвори оган во канцеларија на Далечниот исток на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), при што три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот.

ФСБ соопшти дека мажот ги минал детекторите за метал, влегол во холот на ФСБ во Хабаровск и отворил оган кон присутните. Убиен е службеник на ФСБ и еден посетител, по што обезбедувањето го застрелало напаѓачот.

Во нападот е повреден еден посетител.

Напаѓачот е идентификуван како А.В. Конев, роден во 1999 година и жител на областа Кабаровск, информира ТАСС.

Според одредени сознанија, тој бил припадник на нео-нацистичка група. 

 

 

 

21.04.2017 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа