Нов бран поскапување на цигарите во Македонија

 

На први јули годинава кутија цигари се очекува да поскапи за околу четири денари, а до 2023 година се очекува цената на една кутија цигари да биде повисока и за 40 денари во однос на сегашната.

 

Согласно регулативите за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задоволство“ за граѓаните на Македонија.

Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година, што значи на 1 јули секоја година, кутија цигари ќе станува за по 4 денари поскапа.

Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат најмалку по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 70 денари ќе чини над 110 денари.

 

Но во Македонија покачувањето на акцизата не секогаш се врзува со поскапувањето на цигарите во малопродажбата. Минатата година некои производители се решија цените да не ги покачат веднаш и акцизата да ја компензираат од сопствените приходи. Други производители пак поскапувањето го направија порано. Во Македонија оваа година веќе имаше еден бран на поскапување на цигарите.

 

 

 

13.06.2017 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа