Норвешка го запиша првиот триумф во главната фаза против Србија

Србија загуби од Норвешка со 32:27 во првиот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Србите одиграа одлично прво полувреме во кое рамноправно се носеа со силната Норвешка, а кое заврши нерешено 17:17.

Во второто полувреме Норвешка направи серија од 5:0, a Србија не успеа да се врати во мечот.

Со оваа победа Норвешка има четири бода во групата 2, Србија остана на два бода.

 

 

 

18.01.2018 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа