Ноне се огласи од Јамајка: „Луѓе, не сум трудна, дебела сум“

Некогашната македонска поп-пејачка, Ноне Неделковска деновиве ужива на Јамајка, заедно со своето момче Рајан кој е таму роден. По неколкуте фотографии кои таа ги објави оттаму, дел од домашните медиуми излегоа со информации дека таа е бремена, а слични кометарии можеа и да се прочитаат на социјалните мрежи.

Сепак, велешанката брзо, и на духовит начин ги демантираше овие написи преку својот Фејсбук профил на кој предмалку напиша:

– Луѓе, не сум трудна…дебела сум.  Фала пријатно.

 

 

 

12.08.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа