Тачи бара превод на албански за судењето „Титаник 2“

Воведни зборови на рочиштето за предметот на СЈО Титаник 2. Сите обвинети се изјаснија за апсолутно невини. Обвинителката Фетаи го презентираше обвинението според кое лидерот на ДПА и  поранешниот директор на УБК ја искористиле политичката моќ да влијаат врз останатите обвинети во случајот, 4 екс членови на ДИК да донесат одлука за прегласување на едно избирачко место во Струмица за локалните избори во  2013. Со ваквите дејствија според СЈО, обвинетите дополнително го оштетиле и буџетот за околу 140 000 денари.  Ниту една од странките во постапката  не сакаа да дадат изјава пред медиумите, пренесува Сител.

За време на рочиштето следеа две паузи бидејќи Тачи и поранешниот член на ДИК Ибраими побараа од судот обвинителниот акт да им го достави  на вториот службен јазик албанскиот.Дел обвинетите истакнаа дека специјалната обвинителка Фетаи го политизирала излагањето за обвинителниот акт. Фетаи пак најави дека во текот на постапката како докази ќе се слушаат аудио снимки и ќе се испитуваат сведоци.  По воведното излагање на СЈО рочиштето беше пекинато и ќе продолжи на 22 мај.

 

 

 

10.05.2018 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега