Вацлав Клаус со карикатура се потсмеваше на хомосексуалците

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, на својата веб страница објави карикатура на деца кои се држат за рака со хомосексуални родители и поставуваат иронични прашања, јави дописникот на МИА од Прага.

На цртежот, девојче ги прашува двајцата мажи, кој од нив е нејзината мајка, а едно момче кое држи за рака две жени го поставува прашањето: Која од вас е мојот татко?

- Нас не радува, што темата е толку интересна што со неа се занимава и експретседателот. За жал, се репродуцира стереотип кој не се заснова на вистината, вели Здењек Слобода од Платформата за рамноправност, признавање и разновидност (ПРОУД).

Според Џамила Стехликова, членка на владината Комисија за рамноправност на децата и сексуалните малцинства, Клаус со карикатурата ги напаѓа децата кои растат со две мајки или двајца татковци и придонесува за нетолеранција.

- Во прв план треба да бидат интересите на детето. Кога поранешниот претседател им се потсмева на децата и нивните родители, тоа е бесчувствителен и груб напад. Низок е нападот врз најслабите, вели Стехликова.

 

најчитано сега