Двајца вооружени мажи убија полицаец во Грција

37-годишен грчки полицаец е застрелан рано изутринава во близина на селото Дистомо во областа Беотија додека вршел контрола на автомобил.

Вооружени мажи, кои се наоѓале во возилото и за кои се претпоставува дека се бегалци од затворот во Трикала, отвориле оган врз полицаецот кој побарал да им ги провери документите.

Полицаецот, кој е татко на три деца, бил погоден со еден куршум во стомакот, а подоцна им подлегнал на повредите во болница поради обилно крваврење.

ФОТО: Телма