Невреме во северна Грција

Поројните дождови во Солун и други делови од северна Грција денеска предизвикаа големи нарушувања во сообраќајот и други проблеми.

Поради врнежите кои траат со часови, поплавени се многу регионални патишта, при што беа блокирани повеќе автомобили и предизвикаа неколку сообраќајни незгоди, во кои до овој момент нема пријавено повредени лица.

На Халкидики, каде што преовладуваат слични временски услови, регионалната противпожарна служба била повикана десетици пати да извади вода од приземни и подрумски простории.

 

 

 

17.07.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа