Невработените на средба со работодавци: Саем за вработување во Скопје

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Скопје организира саем за вработување на кој невработените лица ќе имаат можност да се информираат за слободните работни места на пазарот на труд.

На саемот ќе бидат презентирани и компаниите кои нудат слободни работни места и условите што треба да ги исполнат невработените лица за да бидат вработени.

Вакви саеми досега се одржаа во неколку поголеми градови низ државата.

 

 

 

15.06.2017 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа