Неверните открија кои жени ги одбираат за изневерување - и не е тоа што мислите

Резултатите од ова истражување можеме да кажеме дека во најмала рака се – изненадувачки.

Сознанието дека нашиот партнер ни бил неверен е нешто со кое никој од нас не сака да се соочи. Но, ако во таа незавидна ситуација постои нешто што може да нè расположи, тогаш тоа е веројатноста дека нè изневерил со личност која изгледа полошо од нас.

Според последните истражувања кои опфатиле 4.000 луѓе, се покажало дека повеќето неверни мажи и жени ги сметаат своите партнери попривлечни од љубовниците.

Само 30 отсто од мажите рекле дека имаат љубовница помлада од партнерката, а 26 отсто од нив смета дека нивната љубовница е интересна личност, додека само 25 отсто од нив ја сметаат љубовницата за позгодна и попривлечна од партнерката.

Веројатно во овој момент се прашувате, што се случува во нивните глави?

Учесниците во истражувањето рекле дека љубовниците се многу повнимателни, погрижливи, дека повнимателно слушаат, а освен тоа се и неверојатно страсни.

Кај жените тоа е малку поразлично. Дури 50 отсто од жените изјавиле дека нивните љубовници се позгодни и попривлечни од нивните партнери, а освен тоа, тоа им е и една од пресудните причини зошто го направиле тој грев.

 

 

 

13.10.2017 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа