Нема врска со лоша среќа - сите знаат за овој свадбен обичај, но никој не го знае значењето

Секоја невеста за својата свадба одбира најсовршен фустан според неа, кој со денови ќе го чува во ормарот за идниот сопруг да не го види, бидејќи најпознатиот свадбен обичај вели дека младоженецот не смее да ја види венчаницата. Се вели дека кршењето на овој обичај носи несреќа на идниот брачен пар.

Да се потсетиме на дамнешните времиња кога браковите биле главно договорени. Како такви, се подразбира дека младоженецот ќе ја види невестата за првпат во животот пред олтар. На невестата не ѝ било дозволено да го види младоженецот пред брак за тој да не се премисли.

Со самото тоа што не можел да ја види невестата не можел да го види ни фустанот и тоа останало до ден денес.

Во некои кулури, невестата не смела ниту да го проба фустанот, туку за првпат го облекувала на денот на свадбата.

 

 

 

 

14.09.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа