Некогаш провокатор, сега коректен: „Душманот“ Рогиш се огласи пред мечот со Македонија

Поранешниот германски репрезентативец, а сега тим-менаџер на репрезентацијата и спортски директор на Рајн Некар Левен, Оливер Рогиш, се осврна на вечерашниот натпревар кој Германците ќе го одиграат против нашата селекција.

-Македонија пред оваа нивна публика игра со многу емоција, притоа доста агресивно, во ростерот имаат голем број на квалитетни играчи. Лазаров е врвен ракометар и еден од најдобрите во овој момент. Македонија е земја која го негува спортот и знаеме дека нè чека тежок натпревар, вели Рогиш.

Дуелот меѓу Македонија и Германија е закажан за од 18.15 часот.

Македонија не го памети Рогиш по добро

На 22-ри јануари 2009-та година, во натпревар со две различни полувремиња кој Македонија го заврши без тројцата најдобри играчи, Алушевски и Мојсовски кои се повредија и Лазаров кој доби црвен картон, Германците го осигураа пласманот во вториот круг.

По водството од 14:13 на Македонија на полувремето, со почетокот на вториот дел Германија го презеде водството и со голема помош од чешките судии полека го кршеше отпорот на противникот, а решавачки беше црвениот картон во 46 минута за најдобриот играч на Македонија Кире Лазаров. Неговото отсуство тогаш актуелниот светски првак го искористи на најдобар начин и стигна до конечните 10 голови разлика.

Тогаш македонската јавност беснееше по „касапот“ Оливер Рогиш, кого го паметиме по агресивната одбрана врз Кире Лазаров на СП во Хрватска во 2009 година, кога изнуди црвен картон од нашиот капитен, а потоа и самиот прерано се пресели на трибините.

 

 

 

17.01.2018 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа