Неда Украден ја менува професијата

Српската пејачка Неда Украден одлучи да си ја испроба среќата во светот на модата.

Таа неодамна го креираше својот прв фустан, а кометарите и критиките од нејзините колешки биле повеќе од позитивни, па баш поради тоа таа се одлучи во иднина повеќе да се посвети на дизајнирање на облека.

-Овој фустан што комплетно го дзајнирав, го осмислив сосема сама.Со години преправам облека и со тек на време сфатив дека жените во педесетите и шеесетите немаат баш голем избор на облека и не се така манекенски градени , а сепак сакаат да бидат модерни и елегантни- вели Неда.

 

 

 

17.07.2017 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа