Не се бездушни, тоа се Американци - исплива долго криената фотографија од 11. септември

Една фотографија која настанала на 11 септември 2001 година во Њујорк по терористичкиот напад, предизвикала огромна полемика.

Томас Хепкер е автор на фотографијата, која покажува група млади луѓе од Њујорк како безгрижно разговараат во паркот во Бруклин. Над нив се гледа облак црн чад, кој се издигнува над Менхетен, а сѐ се случува во времето на најстрашниот терористички напад во историјата на САД, во кој животот го изгубија скоро 3.000 лица.

Фотографија официјално е објавена во 2006 година и оттогаш предизвикува бројни коментари.

Луѓето од фотографијата објасниле што точно се случувало.

Мажот од десната страна на фотографијата Волтер Сипсер тврди дека тој и неговата девојка која се сонча на ѕидот биле во некој вид шок, целосно вџашени поради тоа што им се случувало зад грб.

Парот го обвинил Хепкер дека без нивно знаење и ообрение погрешно ги прикажал нивните чувства и однесување.

Меѓу стотината фотографии кои се направени на 11. септември, оваа единствено се издвојува.

Според некои луѓе оваа фоографија зборува за тоа дека животот не престанува без оглед на троризмот, а луѓето на фотографијата се едноставно живи.

 

 

 

14.09.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа