Не може да стане од кревет - познатот пејач итно опериран

Пејачот од бендот „Џамироквај“, Џеј Кеј бил приморан да ги откаже концертите поради итна операција на кичмата.

На својот Фејсбук профил објавил дека му е жал што мора да ги разочара фановите.

-„Никогаш не сум се чувствувал толку фрустриран како сега и очајнички сакам да се вратам во форма. По операцијата, делумично сум подвижен и знам дека не можам да ви пружам супер шоу.“ - рекол пејачот.

Фановите не му замериле што го откажал концертот, само му посакале брзо заздравување.

 

 

 

18.06.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа